Педофил од Свети Николе вознемирувал девојче од Куманово

18.08.2016 12:02 | KumanovoNews

К.Т. (28) од Свети Николе сексуално вознемирувал 15 годишно девојче од Куманово.

Педофил од Свети Николе вознемирувал девојче од Куманово

 Инцидентот се случил вчера во периодот од 17.30 до 18.00 часот на ул.„Јане Сандански“ во Свети Николе , додека девојчето возело велосипед. Пред неа се појавило непознато машко лице кое ги соблекло шорцевите и го покажувало половиот орган. Девојчето продолжило со движењето, по што и раскажало на Е.Б., кај која било на гости. Случајот бил пријавен во полициската станица Свети Николе, каде во присуство на претставник од Центарот за социјални работи во Свети Николе, извршен е разговор со девојчето и препознавање на лицето.  По документирање на настанот против К.Т. (28) од Свети Николе ќе биде поднесена кривична пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk