Пелинце, Челопек, Враготурце и Гулиновац без струја

14.11.2014 15:20 | KumanovoNews

Без струја денеска ќе бидат жителите на селата Пелинце, Челопек, Враготурце и Гулиновац во општина Старо Нагоричане и четири улици во Куманово.

Пелинце, Челопек, Враготурце и Гулиновац без струја

“Се работи за планирани исклучувања кои однапред се најавени. Ќе се работи во селата од 11 до 14.30 часот, на 10 киловатен далекувод, бидејќи често има прекини да се подобри квалитетот на услугите“ - велат од ЕВН Македонија.

Поради планирани исклучувања и изведување инвестициони зафати, од 8 до 15 часот, без струја ќе бидат и граѓаните од улиците “Страшко Арсов„, “Божидар Мицковиќ“, “Милан Лисица“ и “4 јули“ во Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk