Пендаровски и Шекеринска на свеченоста на ЗОК во касарната „Боро Менков“

17.10.2019 06:44 | KumanovoNews

Претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска  ќе присуствуваат на свеченоста по повод Денот на Здружената оперативна команда (ЗОК), во касарната „Боро Менков“ во Куманово.

Пендаровски и Шекеринска на свеченоста на ЗОК во касарната „Боро Менков“

По повод Денот на единицата пред присутните ќе се обрати командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски.

За ден на ЗОК е определен 17 октомври, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk