Пендаровски : Среќата на кумановци не е Авганистан

03.04.2014 09:33 | KumanovoNews

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски синоќа одржа митинг на Градскиот плоштад Куманово.

Пендаровски : Среќата на кумановци не е Авганистан

Пред кумановчани Пендаровски зборуваше за актуелната политичка и економска состојба во државата и понуди решенија за истите.

Мој апел до сите вас, моја заложба е да ви покажам дека постои поинаква Македонија. Дека постои сосема поинаков концепт, кој мораме да го следиме ако сакаме да не ја изгубиме државата во мир. Тој концепт подразбира нови луѓе, нови политики и вртење на нова страница во историјата на оваа земја. Да се департизираат инстуциите во кои шанса добиваат само партиските војници. Шанса за работа треба да добијат најдобрите, најспремните, најшколуваните, а не членови на политичка партија. Тоа ќе важи и кога ќе се смени власта. Не може среќата на кумановци да биде само Авганистан -истакна Пендровски.

Според него македонската економијата е најмизерна во Европа и тоа не прогласена од опозицијата, туку од релевантни меѓународни финасиски институции. Последниве 5 години од Македонија се иселиле повеќе луѓе отколку во првите 5 години од независноста, а слободата на медумите во последниве три години кај Репортери без граници паднала за 84 места.

Пендаровски најави дека ќе биде првиот претседател на државата што  ќе нема обезбедување, бидејќи никому ништо не должи нема од што да се плаши. На прашање од присутните дали ќе има дуел со претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски одговори дека тој е подготвен 24/7, но од другата страна нема интерес и подготвеност за соочување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk