Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СДСМ синоќа оддржа митинг на Градскиот плоштад во Куманово од каде ги повикаа гласачите да се мобилизираат во недела и да им ја дадат поддршката за победа на ненародната власт на ВМРО - ДПМНЕ.
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски ги повика кумановци да гласаат за кандидатската листа на СДСМ.
Постои огромен резервоар на гласови кои се проопозициски настроени, но ние не ги искористивме во првиот круг. Мојата молба до сите вас во вториот круг е да сите тие, а тоа се стотици илјади граѓани кои останаа дома да ги мотивираме да гласаат - изјави Пендаровски.
Лидерот на партијата, Зоран Заев кажа дека нудат концепт кој парите ќе ги врати назад кај граѓаните, ќе придонесе за финансиска стабилност и посреќна иднина на македонските семејства. Тој упати критики на адреса на власта за бројните криминални афери и скандали.
Сите знаат дека креаторот на криминалната мрежа која ја “цица“ душата на Македонија е Никола Груевски. Тоа овие денови го докажавме. Ако некој имаше дилеми, сега гледа колку е забегана оваа власт која прави криминал под превезот на патриотизмот. Не сме Африка, Северна Кореја или дел од Латинска Америка, ние сме Европа, овдека важат регулативите на ЕУ. Груевски ќе одговара за криминалите - вели Заев.
Носителот на листа во изборна единица 2, Петре Шилегов потсети на аферите „Визарис“, „Актор“ и последната афера поврзана со премиерот.
Излези Гордана Јанкуловска, излези на мегдан да се разбереме како се почитуваат законите во оваа земја. Излези да зборуваме за мојот имот, но и за твоите станови, и за аферите од типот на “Визарис“ и за кешот на твојот шеф Никола Груевски - рече Шилегов.
Пред присутните се обрати и кандидатот за пратеник, Љубиша Николиќ.
Воедно синоќа СДСМ го прослави 23 - от роденден во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk