Пендаровски води во Куманово, Сиљановска во Старо Нагоричане, во Липково Река

21.04.2019 20:02 | KumanovoNews

Според информациите од ДИК 22.10 часот, од пребројаните гласови кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски води  пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Пендаровски води во Куманово, Сиљановска во Старо Нагоричане, во Липково Река

Пендаровски има 10.096 гласа, наспроти 8.594 на Силјановска-Давкова. Кандидатот на Алијансата на Албанците, Блерим Река има 3.939 гласа.

Во проценти, Река има 16,66, Силјановска-Давкова 36,35, а Пендаровски 42,70 отсто од гласовите.

Неважечки се 1.013 гласови или 4,28 отсто.

Во Куманово на изборите гласале  25.457 гласачи, излезноста е 37, 65 %.

Во Старо Нагоричане води Гордана Сиљановска- Давкова со 733 гласа, додека Пендаровски има 645 гласа, Блерим  Река 12.

 Во Старо Нагоричане излезноста 40,04 отсто.

 Во Липково, Река има 2905 гласа, Пендаровски 1660, а Сиљановака 9 гласа.

Излезноста во Липково е 17,24 гласачи.

  Излезноста на првиот круг од претседателските избори до 18:30 часот изнесува 39,71 отсто од обработени 91,54 отсто од избирачките места, соопшти Државната изборна комисија по затворањето на гласачките места во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk