Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски утре е во обликолка на општините од Североисточниот регион, а посетата ќе заврши со митинг во Куманово.
Тој во период од 12.40 до 13.15 часот ќе биде на Градскиот плоштад во Крива Паланка каде ќе се сретне со граѓаните, а потоа ќе го посети Клубот на пензионери.
Во 14.15 часот кандидатот оди во с.Псача и с.Петрлица, а за 15 часот е закажана средба со градоначалникот на Општина Ранковце во просториите на општината.
Пендаровски во 16 часот ќе биде во Кратово, а оттука заминува за Старо Нагоричане каде ќе го посети манастирот Св.Ѓорѓи и од 17.40 до 18.40 часот ќе има средба со жителите на оваа општина.
Во 20 часот вечерта во Куманово, Пендаровски ќе оддржи митинг на Градскиот плоштад.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk