Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бидејќи 2014 е година на солидарност со старите лица, во Куманово ќе се организираат повеќе активности за помош на оваа категорија граѓани.
Преку нашите 34 ограноци ќе се заложиме за евиденција на старите и изнемоштени лица. Ќе се спроведе проектот “мал чин, голема помош за старите лица“ заедно со Црвен Крст. Ќе бидат едуцирани старите како да се заштитат од насилство и кражби во соработка со отсек за превенција во СВР Куманово - изјави Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Ќе се организираат собирни акции при што предметите кои не им се потребни пензионерите ќе ги донираат за други стари луѓе.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk