Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските пензионери бараат од претседателот на Сојузот на пензионери на Македонија Драги Аргировски да го поништи предизборниот меморандум за соработка што го потпиша со ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Куманово, денеска одржа вонредна седница на која постапката на претседателот Аргировски ја оцени како непримерен чин, кој не е во согласност со со статутот на Сојузот и Здружението на пензионерите, како и Законот за здруженија и фондации на граѓани.
„Ние бараме извршниот одбот на Сојуз на пензионери на Македонија да ја преиспита одлуката и да се раскине меморандумот со политичката партија. Нашата соработка треба да биде со Владата и владините министерства, кои треба да даваат бенифит и подршка на проектите на Сојуз на пензионери на Македонија, а не на одредена политичка партија. Ова посебно го осудуваме бидејќи е потпишано во предизборен период, со што се насочуваат нашите пензионери за кого да гласаат, - вели Спирко Николовски, претседател на Здружението на пензионери Куманово.
Тој додава дека во кумановското здружение членоваат пензионери од најразлични партии и секој има право и слободно да одлучува за кого ќе гласа, а доколку не се раскине меморандумот, дополнително ќе одлучат што ќе преземат.
Груевски минатата недела потпиша меморандум за соработка со претседателите на пензионерите Драги Аргировски и на синдикатот Живко Митроски, заради унапредувањето на социјалниот дијалог и реализизација на проекти што ќе подобрат правата и стандардот на работниците и на пензионерите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk