Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пензионерите имаат потреба од нови пензионерски клубови, во делови на градот каде има поголема концентрација на стари луѓе.
Од Здружение на пензионери Куманово планираат да отворат клубови во населбата Зелен Рид, во делот на “Трета МУБ“ и на улицата “Христијан Карпош“.
“Имаме клубови во Карпош, Зелен Рид, Тоде Мендол, “11 Ноември„, Умин Дол, Железничка станица, Панче Пешев и центарот на градот. Клубови функционираат и во Липково, а во Старо Нагоричане се малку пензионери и клуб нема. Клубовите работат секој работен ден и во саботите. Дневно во секој од нив поминуваат повеќе од 20 пензионери“-вели Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.
Клубовите претежно се сместени во простории на месни заедници, каде пензионерите можат да се собираат, дружат и да играат друштвени игри.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk