Пензионерите ќе се возат бесплатно во четврток

16.09.2011 08:31 | KumanovoNews

  Околу 5000 пензионери од  Куманово, наскоро,  еден ден во неделата ќе добијат бесплатен превоз во градските автобуси. Тоа најверојатно ќе биде секој четврток, затоа што тогаш е пазарен ден во градот. 

Пензионерите ќе се возат бесплатно во четврток

Сретствата за покривање на трошоците ќе ги делат локалната самоуправа и автопревозниците, а конечната одлука за реализација на договорот треба да ја даде Советот на Општината.

Ќе почнеме со одобрување од 1000 до 1500 карти, а планирано е да бидат околу 5000, бидејќи имаме околу 13 илјади пензионери во градот, меѓутоа на сите не им е потребен градски превоз.  Правото да бесплатен превоз ќе се остварува преку Здружението на пензионерите, и според нивните потреби ќе се зголемува бројот на корисници - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Општината Куманово ќе биде прва општина што дава таква можност на пензионерите, додека во Скопје тоа беше обезбедено од Владата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk