Пензионерите да аплицираат за бесплатен туристички викенд

14.01.2015 10:32 | KumanovoNews

Пензионерите, од 15 јануари до 16 февруари, можат да аплицираат во подрачната единица на ПИОМ за бесплатен туристички викенд.

Пензионерите да аплицираат за бесплатен туристички викенд

Корисниците на старосна, инвалидска и семејна пензија еднаш од април до ноември, ќе можат да одат на туристички викенд во Крушево, Берово, Струга, Преспа, Дојран и Охрид. Предност ќе имаат пензионерите со помали пензии, лицата кои се подолго време во пензија, пензионерите кои работеле во рудници со подземен ископ, пензионери корисници на инвалидска пензија со инвалидност над 80 отсто, корисници на паричен надоместок за помош и нега од друго лице,  додаток за мобилност и додаток за слепило.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk