Пензионерите да аплицираат за бесплатнa бањa

20.01.2014 10:35 | KumanovoNews

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација.

Пензионерите да аплицираат за бесплатнa бањa

Oваа услуга може да ја користат лица - корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија. Услугата може да се користи еднаш, во период од март до ноември 2014 година, во траење од 7 дена. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постои спреченост поради болест. Бесплатното бањско - климатско лекување опфаќа 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, еден задолжителен здравствен преглед, трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во којашто ќе се користи услугата на бањско климатска рекреација.

Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk