Пензионерите да аплицираат за бесплатна бања во 2016

09.09.2015 08:36 | KumanovoNews

Барањата за бесплатна бања во ПИОМ ќе можат да се поднесат до 30-ти септември 2015 година.

Пензионерите да аплицираат за бесплатна бања во 2016

Oваа услуга може да ја добијат корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и одредбите од договорите за социјално осигурување кои што Република Македонија ги применува, а кои што живеат на територија на Република Македонија и правото на пензија го стекнале заклучно со август 2015 година.

Услугата може да се користи еднаш, во период од март до ноември 2016 година, во траење од 7 дена.

Корисниците на пензија кои во 2011, 2012, 2013 ,2014 и 2015 година добиле право да ја користат услугата бањско климатска рекреација, не можат да ја користат оваа услуга и во 2016 година.

Во истиот рок пензионерите можат да аплицираат и за бесплатен туристички викенд во траење од 3 дена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk