Пензионерите денеска ќе добијат повисоки пензии за 2.500 денари

01.10.2024 08:26 | KumanovoNews

Пензионерите од денеска ќе добијат зголемени пензии за 2.500 денари. Од Министерство за социјална политика, демографија и млади велат дека околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите.

Пензионерите денеска ќе добијат повисоки пензии за 2.500 денари

“Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во месеците септември и март. Поконкретно, на 1 Септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 Август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари. Целта на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на  пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите“, соопшти МСПДМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk