Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските пензионери викендов го посетија Дебар и се сретнаа со пензионери од албанскиот град Пешкопеја.
Ги посетивме Маврови Анови, Дебар, манастирот Рајчица, пензионерите од Дебар каде не пречека и претседателот на Советот на Општина Дебар, Башким Машкули. Во Дебарски бањи ни кажаа кои се поволните својства на водата и како можеме да се рехабилитираме. Потоа го посетивме градчето Пешкопеја во Албанија, и видовме дека и таму пензионерите се организирани на сличен начин, имаат клуб, секции - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Наредната година кумановските пензионери планираат на гости да ги поканат пензионерите од Дебар и Пешкопеја.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk