Пензионерите го одбележаа празникот на градот

31.10.2015 11:55 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа се одржа манифестацијата “Пензионерите за својот град“, во организација на Здружение на пензионери Куманово.

Пензионерите го одбележаа празникот на градот

Оваа прослава секоја година се организира по повод празникот на градот 11 ноември.

На концертот настапија фолклорниот ансамбл на КУД „Ѓоко Симоновски“, КУД на пензионерите од Кочани како и фолклорниот ансамбл „Срма“ од Куманово. Задоволството на многубројните присутни гости беше очигледно поради многубројните и громки аплаузи со кои ги наградуваа учесниците - рекоа од Здружението на пензионери Куманово.

Пред концертот беше отворена изложба со слики изработени од пензионерите кои се сликари аматери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk