Пензионерите го славaт јубилејот

15.09.2011 12:17 | KumanovoNews

Здружението на пензионерите Куманово денеска одржа свечена седница, по повод 65 гошниот јубилеј од постоењето. Во Младинскиот културен центар "Козјак", пред присутните  зборуваше претседателот на  здружението, Спирко Николовски.

Пензионерите го славaт јубилејот

"Првото здружување на пензионерите било во далечната 1946 година во Скопје. И кумановското здружение е формирано истата година, а првите пензионери биле штотуку пензионирани занаетчии"- вели Николовски

На свеченоста беа поделени благодарници на истакнати членови на здружението, меѓу кои и на почесниот претседател Трајче Јанковски.

Здружението на пензионери  во Куманово брои 13.500 членови и е меѓу најголемите во државата.

Во состав на кумановското здружение функционираат и ограноци во општините Липково и Старо Нагоричане.




Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk