Пензионерите пак ќе ја играат „Шути и рогати“

13.01.2016 10:08 | KumanovoNews

Здружението на пензионери Куманово оваа година ќе ја игра претставата „Шути и рогати“ од Драгољуб Димковски.

Пензионерите пак ќе ја играат „Шути и рогати“

Се работи за претстава која е подготвена пред неколку години и сега повторно ќе се прикажува во нашиот, но и во други градови низ Македонија.

„Пробите ни се веќе почнати со драмската секција. Имам два нови актери кои претходно не играа. Се работи за комедија која е многу интересна. Ја бараат во Неготино и Пробиштип и кај што ќе не поканат ќе настапиме. Комедиите ги сака публиката. Во „Шути и рогати“ учествуваат дваесетина актери пензионери“-рече Љубица Кузмановска, потпретседател во Здружение на пензионери Куманово.

Од Здружението на пензионери  велат дека оваа година за Прочка ќе ја прикажат претставата „Ленче Кумановче“ во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk