Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пензионерски клуб кај Автобуската станица, денеска пензионерите организираат месечен шаховски турнир на кој се напреваруваат поединечно.
На турнирот денеска учествуваат 20 пензионери. Тие имаат интерес за шах, иако не можат да играат професионално, но можат рекреативно. Најдобрите денеска ќе влезат во четиричлена екипа која ќе не претставува на регионален натпревар кој оваа година во мај ќе се оддржи во Злетово. Се надеваме дека ќе бидеме најдобри и дека ќе се пласираме за републички натпревар за во септември во Скопје - вели Милисав Серафимовски од Здружение на пензионери Куманово.
Здружение на пензионери Куманово во 2012 година на ниво на Македонија освои прво, а лани второ место.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk