Пензионерите со ниски примања да се пријават за бесплатен превоз

16.07.2021 06:05 | Сузана Николиќ

Пензионерите кои имаат пензија до 11 илјади денари можат да се пријават во Здружението на пензионери во Куманово, за да добијат билет за користење на бесплатен јавен градски и приградски превоз.

Пензионерите со ниски примања да се пријават за бесплатен превоз

 „Билетот ќе можат да ја користат во деновите вторник и четврток во наредните три месеци. За да можат да ги остварат своите права за користење на оваа мерка, заинтересираните граѓани треба да се информираат и да поднесат барање до Здружението на пензионери- Куманово, кое ќе го менаџира процесот“, соопштуваат од Општина Куманово.

Бесплатниот превоз е наменете за сите граѓани-пензионери на територијата на Општина Куманово, кои се членови на Здружението на пензионери Куманово.

Општина Куманово прво донесе одлука бесплатниот превоз за пензионерите да биде 6 месеци, па потоа се премисли и ја намали на три, но предвидените средства од 1,5 милиони денари останаа исти.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk