Пензионерите за својот град – целовечерен концерт во Центарот за култура

16.11.2022 10:19 | Оливера Пешевска

Здружението на пензионери вечерва организира концерт со богата културно - уметничка програма во салата на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, по повод Денот на ослободување на Куманово. 

Пензионерите за својот град – целовечерен концерт во Центарот за култура

„Пензионерите за својот град - Куманово во срцето“ е насловена ова манифестација. Сакавме активно да се вклучиме и да дадеме свој придонес во одбележувањето на 503 години од основањето на Куманово и 78 години од ослободување од фашистичкиот окупатор. Ќе настапат дваесетина изведувачи. Нашите членови вредно вежбаа и се подготвуваа за својот настап. Даваме придонес за својот град и имаме убава причина за дружење, креирање нови содржини и меѓусебна социјализација за активни пензионерски денови“, изјави Благе Јакимовски, претседател на Здружението на пензионери „Куманово“.

Концертот е закажан во 18 часот, а влезот е слободен за сите заинтересирани. Манифестацијата е финансирана од сопствени средства на Здружението на пензионери „Куманово“.

Со овој концерт највозрасните сограѓани даваат свој придонес на одбележувањето на 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово и се дел од програмата „Ноемвриски денови“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk