Пензионерки ќе учествуваат на „Бабино благце“ во Велес

08.02.2016 10:26 | KumanovoNews

Жени од Здружението на пензионери Куманово во сабота ќе учествуваат на гастрономската манифестација „Бабино благце“, на езерото Младост близу Велес, која ја организираат велешките пензионери.

Пензионерки ќе учествуваат на „Бабино благце“ во Велес

Таму пензионерките ќе презентираат традиционални јадења. Манифестацијата има збаваен карактер, а за најдобрите домаќинки ќе има и награди.

Постарите ќе подготват традиционални благи јадења за да не се заборават, да ги пренесат на младите. Учествуваат со донесени, изработени јадења и се прави мини изложба. Се врши прогласување на најдобрите, 1,2, 3 место и се издава брошура на рецепти што ги донеле пензионерките“-вели Спирко Николовски, претседател на Здружението на пензионери Куманово.

Кумановските пензионерки повеќе од 10 пати досега имаат учествувано на оваа манифестација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk