Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Домот на занаетчии, утре вечер во 19 часот ќе се одржи „Шегобијна разгледница„, во организација на Здружението на пензионери Куманово.
„Манифестацијата се организира по повод Денот на шегата, на која пензионерите поети, ќе читаат свои творби на тема „Шегата ни е во душата“ за што беше распишан литературен конкурс. Вечерта ќе биде збогатена со настап на солисти, дуети и хорот од КУД „Ѓоко Симоновски“, со шегобијни песни од нашиот крај“, - изјави Славица Ламбаша.
Манифестацијата ја организира Комисијата за културно-уметнички самодејности, која работи при Здружението на пензионери Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk