Пензионерски хепенинг во Пелинце

14.08.2013 10:33 | KumanovoNews

 Во Пелинце во сабота ќе се оддржи “Еко - хепенинг“, манифестација на која ќе учествуваат пензионери од 24 македонски здруженија и гости од Србија.

Пензионерски хепенинг во Пелинце

Поканети се пензионерите од Врање, Лесковац и Прокупље од соседна Србија. Ќе дојдат претставници од ПИОМ, од Сојуз на пензионери на Македонија, а ќе се обрати пред присутните и нашиот градоначалник. Настанот е насловен како “Еко - хепенинг“ бидејќи главниот мотив е дружење во природа - рече Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

„Еко - хепенинг“ се организира по 11 - ти пат, и на настанот  се очекува да присуствуваат околу 1500 пензионери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk