Пензионерскиот хор ќе пее во Радовиш

23.08.2012 07:13 | KumanovoNews

  Хорот на Здружението на пензионери Куманово утре ќе настапи на меѓународни смотри во Радовиш.

Пензионерскиот хор ќе пее во Радовиш

Нашиот мешовит хор ќе се престави со три серенади. Ова ни е четврто учество. Мал број од здруженијата во Македонија имаат хор, туку само пејачки групи. Ние оваа секција ја отворивме меѓу првите и сеуште го негуваме хорското пеење. Ако другите хорови имаат по петнаесетина членови, ние сме голем хор со триесет луѓе. На најдобрите хорови во Радовиш им се доделуваат благодарници. Минатите години имаше и гости од Бугарија. Најново во здружението е тоа што оформивме мандолински оркестар - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

Во септември пензионерскиот хор ќе настапи во Охрид. Во меѓувреме сите пензионери кои имаат афинитети кон музиката можат да станат дел од хорот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk