Перформанс „Сите бои на џезот“ во Уметничката галерија

14.11.2018 08:41 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија во Куманово утре во 19.30 часот ќе се оддржи уметнички перформанс „Боите на џезот/All the Colours of JAZZ 2018“.

Перформанс „Сите бои на џезот“ во Уметничката галерија

Дел од перформансот се џез составот „Џон Илија Апелгрeн трио“  и ликовните уметници Страхил Петровски и Ханифе Ислами.

За време на концертот, публиката ќе има можност да присуствува на процесот на содавањето на две ликовни дела на уметниците, кои ќе бидат подарени на Музејот на Куманово.

Организатор на настанот „Сите бои на џезот 2018“ е Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, во соработка со Кумановскиот музеј, поддржан од Министерството за култура, во рамките на „Новиот културен бран“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk