„Перо Наков“ дел од проект за учење преку воннаставни активности

31.03.2017 12:45 | KumanovoNews

Средното општинско училиште “Перо Наков” заедно со уште три училишта од Литванија, Романија и Полска ја реализираше првата предвидена мобилност од проектот “Учење преку воннаставни активности”.

„Перо Наков“ дел од проект за учење преку воннаставни активности

Овој проект е дел од Еразмус + програмата и е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Во период од 20. до 25. овој месец беше реализирана првата обука од четирите предвидени во проектот, на којашто домаќин беше училиште од градот Плунге, Литванија. На оваа обука присуствуваа еден наставник и три ученика од нашето училиште, заедно со исто толку претставници од другите партнер училишта од Романија и Полска“, - соопштуваат од училиштето.

За време на петдневната обука, учесниците присуствувале на интегрирани часови по англиски јазик, мајчин јазик, математика и физичко воспитание, историја, географија, економија, музичка култура, предмети од технолошка струка, информатика со роботика, ликовна уметност, етнологија и биологијаво, кои се одржувале во различни музеи, библиотека, национален парк, во природа и други воспитно-образовни и културолошки институции надвор од училница.

Сите учесници  се здобиле со сертификати за учество на обуката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk