“Перо Наков“ и “Кочо Рацин“ во трката за најдобра веб страна

26.11.2015 10:36 | KumanovoNews

Средното училиште “Перо Наков“ и основното училиште “Кочо Рацин“ се пријавиле на конкурсот на Министерството за образование и наука, за избор на најдобра училишна веб страна. 

“Перо Наков“ и “Кочо Рацин“ во трката за најдобра веб страна

Заедно со другите пријавени училишта ќе бидат повикани на јавен настан, каде ќе ги презентираат своите веб страници и ќе биде избран победникот. 

Тим од професори по информатика, помошник и ученици од сите години работат на сајтот. Сајтот се ажурира редовно со информации од нашите активности, промовирање на училиштето и струките, подигање на рејтингот на училиштето - рече Лидија Тасевска, директорка на „Перо Наков“. 

Од “Коцо Рацин“ велат дека на иницијатива на училиштето, а  под раководство на професорката по информатика Лидија Поповска се пријавиле за учество на конкурсот. 

Ни се јавија од МОН дека сме влезени во потесен круг. Во понеделник ќе имаме презентација и стручна комисија ќе одлучи кој ќе победи. Се доделуваат награди смарт табла, благодарници, дипломи - кажа Лидија Пешевска, директорка на “Кочо Рацин“. 

Презентации ќе имаат 10 средни и 7 основни училишта од повеќе градови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk