Пешак прегазен кај „Гарнизон„

26.06.2015 20:09 | KumanovoNews

 Автомобил прегазил пешак на улицата Гоце Делчев, во близина на трговскиот центар Гарнизон.

Пешак прегазен кај „Гарнизон„

Според првичните информации, несреќата се случила вечерва петнаесетина минути пред 22 часот,  додека човекот поминувал по улицата на раскрсницата кон улицата Трст. Тогаш од семафорите на Серава со голема брзина наишол автомобил БМВ,  удрил во човекот и го отфрлил триесетина метри. Откако го повредил, наместо да му помогне возачот побегнал со автомобилот.  Повредите за средовечниот маж, кој сеуште не е идентификуван, биле фатални. Од полицијата го потврдија случајот и најавија повеќе информации за утре. Се врши увид на лице место и улицата е затворена за сообраќај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk