Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невработеноста во Куманово ќе се намалува со отворање на две индустриски зони, најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, при вчерашната посета на Куманово.
"Гледаме неколку локации, но би ги оставил деталите за друга пригода. Имаме точно идеја каде треба да биде, но правиме проверки на имотно-правните односи и да видиме што треба да се направи од инфраструктура. Имаме и алтернативна локација, но треба да биде блиску до пресечната точка на коридорите 8 и 10, покрај пат, затоа што логистиката е битна за компаниите. Површината да биде некаде од 20 до 30 хектари, ќе гледаме малку поголема ако може, гледаме и колку простор имаме на располагање", рече вицепремиерот.
Втората индустриска зона во населбата Карпош иако веќе постои , но за да заживее треба да се урбанизира со помош на локалната самоуправа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk