Пет автобуси со кумановци подршка за Кежаровски

20.01.2015 11:25 | KumanovoNews

Околу 500 граѓани на Куманово претпладнево со пет автобуси и 30 автомобили заминаа во Скопје на протестот за подршка на новинарот Томислав Кежаровски.

Пет автобуси со кумановци подршка за Кежаровски

Луѓе од сите возрасти, главно членови и симпатизери на СДСМ, сметаат дека пресудата на Кежаровски е незаконска и треба да се укуне.

Целта на нашето заминување е да се искаже незадоволството од власта и судството. Новинарот Кежаровски си ја вршел својата работа и неможе за напишан текст да му се суди. Уште поскандалозно е тоа како беше приведен на издржување на казната, на еден недемократски начин. На тој начин се демонстрира сила кон сите нас, независно во која професија сме, - велат повеќето од граѓаните.

Протестот на новинарите пред Апелациониот суд ќе се одржи во 12 часот, а го организира ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари. Тие ги повикаа сите граѓани, политички партии, организации, здруженија и други да им се придружат и да дадат подршка на осудениот новинар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk