Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска врачи решенија на пет директори, на јавни претпријатија и на една јавна установа во градот.
Старо- нови директори се: Сашо Петрушевски во ЈП „Чистота и зеленило„ и Марина Алексовска во градинката „Ангел Шајче„. Решенија од в.д. во директори добија: Драган Петровски на ЈП „Куманово – Гас„, Илир Саити на ЈП „Пазаришта„ и Фадиљ Шабани на ЈП „Куманово-паркинг„.
Тројцата беа назначени уште минатат година по локалните избори, откако беа сменети предходните директори Момчили Мирчевски, Фадиљ Шабани и Трајче Трајковски.
Менаџерските договори на новите директори ќе траат во наредните четири години.
Во присуство на претставници на општинската администрација, градоначалникот Дамјановски истакна дека соработката со овие директори е на високо ниво и се надева дека и во иднина така ќе продолжи, со што овие менаџери ќе допринесат за уште поголема успешност во работата на овие претпријатија- стои во соопштението од Општината Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk