Пет години од „Диво Насеље“

09.05.2020 10:07 | KumanovoNews

Денеска се навршуваат пет година од воружената пресметка во кумановската населба „Тоде Менол“ или позната меѓу граѓаните како „Диво насеље“.

Пет години од „Диво Насеље“

На 9 мај 2015 година македонските безбедносни сили се судрија со вооружена група од Косово. Борбите траеа два дена, а животот го загубија осум полицајци, додека 42 беа повредени.

Во престрелките загинаа полицајците: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Во дводневните борби убиени се 10 припадници на косовската група, а 29 беа уапсени и им се суди за тероризам.

Во населбата беа уништени 60-тина куќи во две улици, каде се криеја терористите.

Граѓаните на Куманово преживеаа два пеколни и неизвесни дена додека траеа борбите, но не подлегнаа на провокациите и го сочуваа соживотот во градот.  

Овој настан го обележа Куманово како несигурно место за живеење, иако неколку години пред тоа беше прогласен за град на мирот на Балканот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk