Пет нови пациенти позитивни на коронавирус

16.03.2020 20:30 | KumanovoNews

Четири лица од Дебар и жена од Скопје, која се вратила од Холандија преку Виена се нови пациенти позитивни на коронавирус, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Пет нови пациенти позитивни на коронавирус

- Денеска имаме пет нови позитивни пациенти и двајца дијагностицирани во друга лабараторија кои што ќе треба да се потврдат утре. Утрово беа тестирани седум лица, негативни се резултати на три лица од Дебар, на двете лица чии брисеви стигнаа од Штип и едно лице на инфективната во Скопје. Позитивни се резултатите на една пациентка од Скопје, има 54 години се вратила од Холандија на 12 и 13 март, развила симптоми, и денеска се јавила на преглед на Инфективната клиника. Најдени се сите контакти со семејството и возачот на таксито која ја возело,  била во домашна самоизолација според нејзиниот исказ, а во моментов се контактираат 31 лице кои биле со неа во авионот, - изјави Филипче.

Попладнево се тестирани уште 10 други лица,  7 од Дебар, еден од Прилеп и двајца од Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk