Пет пожари за едно деноноќие

10.08.2015 08:05 | KumanovoNews

Во последните 24 часа во Куманово имало пет пожари на запалена сува трева, шума и моторно возило.

Пет пожари за едно деноноќие

Територијалната противпожарна единица Куманово бележи неколку интервенции во текот на денот на опожарена сува трева на локалитетот Муслимански гробишта. Не е позната површина која е изгорена.

Во атарот на село Орашец интервенирано е од 10.55 до 21.50 часот опожарена дабова шума.

На потегот од село Романовце кон село Бразак,  интервенирано е во период од  15.55 до 19.20 часот, со 2 возила и 5 пожарникари на запалена сува трева и нискостеблеста шума со непозната површина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk