Пет случаи на фалсификувани пари во Куманово

04.08.2014 08:02 | KumanovoNews

Кумановската полиција во првите шест месеци од годинава регистрирала 5 кривични дела фалсификување пари.

Пет случаи на фалсификувани пари во Куманово

Во извештајот на Министерството за внатрешни работи стои дека овие 5 кривични дела ги извршиле 6 сторители, а засега нерасветлено е само едно од делата.

На ниво на држава зголемен е бројот на регистрирани кривични дела фалсификување пари за 30 отсто, а процентот на расветлени случаи е 36. Статистиката покажува дека најчесто се фалсификуваат денари, а поретко тоа се случува со странските валути.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk