Петар Поп-Арсов заминува во Стразбур

07.07.2012 06:17 | KumanovoNews

 Поранешниот пратеник од Куманово и истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ Петар Поп-Арсов, наскоро ќе стапи на должност, постојан претставник на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур.

Петар Поп-Арсов заминува во Стразбур

 Како што соопштуваат од МНР, Поп- Арсов пред неколку дена имал  завршен разговор со министерот за надворешни работи, каде ги презентирал неговите видувања и приоритети на активноста на организацијата во областа на заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото, реформските процеси во Советот на Европа и Еврпскиот суд за човекови права, и активноста на Република Македонија во рамките на Советот на Европа.

Министерот Попоски, истакнал дека позицијата постојан претставник на Република Македонија во Советот на Европа е од особена важност за Република Македонија од аспект на нашето идно членство во ЕУ и исполнувањето на потребните стандарди во областа на човековите права и отворениот претпристапен дијалог со ЕУ.

Посебно и приоритетно значење, како што нагласил министерот, во идниот ангажман на Поп-Арсов треба да биде посветено на подобрување на положбата на македонското малцинство во соседните земји.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk