Пети ден „Шарена револуција“ во Куманово

25.04.2016 20:35 | KumanovoNews

Студеното и ветровито време не ги поколеба шарените револуционери и вечерва да протестираат по кумановските улица.

Пети ден „Шарена револуција“ во Куманово

Во 19 часот се собраа пред Кумановскиот суд, а потоа тргнаа по улицата „11 Октомври“, каде истурија боја на коловозот. Скандирајќи „Нема првда нема мир„, „ Никола оди си“, „Оставка, оставка„, маршот продолжи по улиците „Доне  Божинов„, „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар„ Градскиот плоштад. Во првите редови како и во изминатите неколку дена беа претставници од највисокото раководство на СДСМ и градоначалникот Зоран Дамјановски.

„Скандалозната аболиција на Иванов на корумпираните и политичарите обвинети за изборен криминал беше иницијалната каписла Шарената револуција да пламне и во слободарско Куманово. Меѓутоа причините се многу подлабоки и лежат во десетгодишната диктатура, криминал и безаконие на владејачката гарнитура предводена од ДПМНЕ„, - вели Атина Мургашанска, координаторка на форум на жени на СДСМ.

Протестот мина мирно и без инциденти.  Граѓанската организација „Протестирам“ започна со организирање на протестите по одлуката за аболиција на политичарите од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk