Петиција за сексуално образование во училиштата

19.09.2013 12:56 | KumanovoNews

 Невладината организација “ХЕРА„ утре во 11 часот на Градскиот плоштад ќе започне со собирање потписи за воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата.

Петиција за сексуално образование во училиштата

На петицијата можат да се потпишат сите граѓани кои сметаат дека сексуалното образование ќе придонесе за подобро здравје на младите, мајките и воопшто на населението.

Во петицијата од Министерството за образование и наука се бара на краткорочен план да се направи дополнителна обука и да им се обезбедат прирачни материјали на одделенските наставници одговорни за предметот „Образование за животни вештини“, односно да се усвои веќе подготвениот прирачник од ХЕРА и стручни лица. Да се осигури дека предметот „ Образование за животни вештини“ се предава во основните и во средните училишта според предвидените планови. На долгорочен план да се формира работна група чија задача  ќе  биде да осмисли и спроведе план за системско воведување на посебен предмет за сеопфатно сексуално образование - се вели во соопштението од “ХЕРА“.

Собирање на потписи за петицијата ќе има во сите поголеми градови во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk