Петковски: Ќе бидеме конструктивна опозиција

09.11.2017 18:58 | KumanovoNews

Кординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски, најави дека во новиот Совет на Општина Куманово ќе бидат конструктивна опозиција и коректор на локалната власт во наредните 4 години.

Петковски: Ќе бидеме конструктивна опозиција

“Ќе се трудиме да бидеме конструктивна опозиција, да бидеме коректор на сите планови и предлози коишто ќе ги спроведува новоизбраниот градоначалник и мнозинството во Советот. Се надевам на плодна работа во Советот, - изјави Петковски.

Опозицијата уште на првата седница имаше забелешка за одржувањето на конститутивната седница, со оглед на тоа што градоначалникот ја презеде функцијата уште пред 20 дена.

„Сакам да изразам една наша забелешка, бидејќи помина скоро еден месец од првиот круг на изборите. Градоначалникот на Куманово функционира веќе 20 дена, а ние чекавме еден месец за конституирање на советот. Не знам што беше причина, прашувам како можел градоначалникот да функционира 20 дена без конституиран совет“, - праша Петковски.

И советникот Зоран Петрушевски од ГРОМ, го обвини мнозинството дека поради одолговлекување на почетокот на работата на Советот се доведува во прашање доделувањето на Ноемвриската награда. Тој предложи и едногласно беше прифатено на денешната седница да се формира Комисија за доделување на награди и признанија, која ќе ги разгледа предлозите за Ноемриската награда.  

Опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 11 советници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk