Петковски го критикуваше градоначалникот за недоаѓањето на Денови на комедија

27.10.2015 09:32 | KumanovoNews

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски на вчерашната седница на Советот го праша градоначалникот Зоран Дамјановски зошто не присуствувал на претставите на овогодинешниот фестивал Денови на комедија.

Петковски го критикуваше градоначалникот за недоаѓањето на Денови на комедија

Петковски рече дека не е е во ред да се дели културата на позициска и опозициска, зависно од тоа кој ги организира настаните во градот.

И оваа година градоначалникот не најде за сходно да присуствува на ниту една од претставите. Која  е причината за осуството и до кога ќе ја делиме културата на позициска и опозициска? Дали со ова порачуваме и граѓаните да ја бојкотираат културата од другата политичка опција - кажа Петковски.

На ова градоначалникот Зоран Дамјановски одговори дека не е задоволен од односот на организаторите кон него како прв човек на градот и кон локалната самоуправа.

Неколку години наназад сме тотално маргинализирани. На неколку настани јас како личност бев во некомотна положба и затоа сметам дека моето присуство не е посакувано. Нашите советници, началници на сектори не добиваат карти за претстави, јас добивам покана на 2 дена пред отварањето. Во некои случаи бев маргинализиран, дури и исмеван, но тоа е персонална работа - вели Дамјановски.

Тој потенцираше дека од друга страна има одлична соработка со Музеј Куманово и Уметничката галерија и дека комуникацијата меѓу институциите  треба да се одвива во таа насока.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk