Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски, вечерва изјави дека „Коалицијата за подобра Македонија„ освоила 9 пратенички места во втората изборна единица, иако во Куманово имаат помал број на гласови од СДСМ.
„Во Куманово од 90 отсто од преброените гласови СДСМ има 21.500 а ние 20.500. Остануваат уште десетина избирачки места така да не очекуваме некоја битна разлика. Ние сме задоволни од резултатите, бидејќи ги повторивме од 2014 година. На ниво на државата коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 4 до 5 пратеника. Како што засега стојат работите во втората изборна единица ние освојуваме 9 пратеника, СДСМ 7 , ДУИ 2 и БЕСА 1 пратеник. Ќе ја искористам приликата да им се заблагодарам на сите наши членови на сите наши симпатизери, кои ни ја дадоа довербата и гласаа за нас. Многу е битно што изборниот ден помина без инциденти, гласањето беше фер и демократски, - изјави Петковски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk