Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петмина кандидати влегоа во вториот круг за избор за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Бране Петрушевски, поранешен советник, Филип Филиповски, поранешен директор на Водостопанство, Радован Ристовски, секретар на УМС, Срѓан Ивановски, портпарол и Александар Стојановски, вработен во затворот Кшање, се членовите кои се најдоа во најтесен избор за нов претседател на кумановскиот огранок.
Според неофицијални извори, на конкурсот се пријавиле 17 кандидати, а првиот филтер на партиската комисија го поминале само петмина, кои во наредната фаза ќе имаат интервју со лидерот Христијан Мицкоски, по што конечната одлука ќе ја донесе централниот комитет.
Изборот се очекува во најкраток можен рок, тврдат партиски извори.
На досегашниот претседател Драган Петковски, мандатот му заврши пред еден месец.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk