Петмина новозаболени и 17 оздравени од коронавирус во Куманово

24.09.2020 18:06 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се петмина новозаболени и 17 оздравени од коронавирус.

Петмина новозаболени и 17 оздравени од коронавирус во Куманово

На ниво на државата во последните 24 часа откриени се 152 нови случаи на ковид-19 и направени се 1630 тестирања. По градови во: Скопје 58,Кочани 18, Струмица 14, Гевгелија 6, Куманово 5 и др.  

Починати се 2 лица, пациент од Охрид (77) и пациент од Радовиш (62).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk