Петмина новозаболени од коронавирус во Куманово

23.07.2020 15:50 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа направени се вкупно 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во земјата.

Петмина новозаболени од коронавирус во Куманово

По градови: Скопје 54, Куманово 5, Штип 18, Гостивар 16, Тетово 5, Струга 6, Кичево 4...   

Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk