Петмина новозаболени од коронавирус во Куманово, еден новозаболен и еден починат во Липково

15.06.2020 14:31 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје Куманово во последото деноноќие регистрирани се шестмина новозаболени од коронавирус. Петмина се во Куманово, а едно лице е од Липковско. Починатото е и едно лице од Липково.

Петмина новозаболени од коронавирус во Куманово, еден новозаболен и еден починат во Липково

Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на КОВИД-19 во државата. По градови:Скопје 46, Куманово 6, Штип 6,  Прилеп 2, Тетово 17, Струга 9, Велес 3, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 1, Струмица 1, Свети Николе 1 и Ресен 6.

Починати се пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73) примена на 11 јуни и пациентка (45) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65) хоспитализиран на 6 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од Скопје 10, Прилеп 2 и Тетово 1.

Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на КОВИД-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk