Петмина повредени при судир на две возила на раскрсницата на „Трета МУБ“ и „Видое Смилевски Бато“

08.05.2024 13:39 | KumanovoNews

Пет лица, меѓу кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа на крстосницата од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски Бато“ во Куманово.

Петмина повредени при судир на две возила на раскрсницата на „Трета МУБ“ и „Видое Смилевски Бато“

Според МВР, несреќата се случила во 15.55 часот, помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(52) од Куманово и патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(33) од Куманово. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т.(19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово,  се здобиле со телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово“, соопшти МВР. 

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk