Петмина повредени во сообраќајка на „Ругинска кривина„

04.02.2015 08:05 | KumanovoNews

Пет лица од Скопје, тешко се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка на м.в. „Ругинска кривина„ во атарот на селото Сув Ора.

Петмина повредени во сообраќајка на „Ругинска кривина„

Според портпаролката на СВР Куманово, Валентина Николовска, сообраќајката се случила во 21.30 часот, кога возило фолсфаген бурако, со скопски регистарски таблички, кое се движело кон Куманово, од засега непознати причини, излетало од патот. При тоа, со повреди се здобиле пет лица што биле во автомобилот. Возачот И.Р.(37) од Скопје поминал најлошо, и поради тешките повреди е пренесен на лекување на скопските клиники, додека останатите се задржани во кумановската болница.  Никој од повредените не е во животна опасност.

                                                                                      (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk