Петмина Сиријци ограбени во Четирце

01.08.2022 15:04 | Сузана Николиќ

Петмина Сиријци пријавиле во кумановската полиција дека биле ограбени во околината на село Четирце, соопшти денеска полицијата.

Петмина Сиријци ограбени во Четирце

Вчера, во 21:45 часот, случајот го пријавил 21-годишниот М.З.А.Г. од Сирија. Тој, како што соопшти МВР, пријавил дека околу 18.00 часот во село Четирце, кумановско, тој и уште четири други лица, исто така од Сирија, биле физички нападнати од неколку машки лица кои им одзеле пари и други предмети.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk